Преносно значење - категорија

убавец повеќе

мн. убавци
Вид збор: Именка, машки род
Убав предмет или убаво животно.
Англиски: beauty Албански: bukuri

убие повеќе

убијат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини големи маки, упропасти.
Англиски: destroy Албански: mbys, shkatrroj
Примери:
Оваа досадна работа ќе нè убие.
Направи да исчезне, да помине нешто, уништи.
Англиски: suppress Албански: pres, shuaj
Примери:
Му ја уби волјата за работа.

убиен повеќе

Вид збор: Придавка
Духовно скршен.
Англиски: desperate
Примери:
Се врати дома скинат и убиен.

убиствен повеќе

убиствени
Вид збор: Придавка
многу тежок, многу штетен
Англиски: damaging
Примери:
убиствена работа

убиство повеќе

мн. убиства
Вид збор: Именка, среден род
Голема тежина, мака, претерано напорен труд.
Англиски: death Албански: vdekje
Примери:
Насилното мажење е за неа убиство.

увертира повеќе

мн. увертири
Вид збор: Именка, женски род
Увод, почеток на нешто, на некакви настани.
Англиски: overture Француски: ouverture Албански: uverturë

угаснат повеќе

угаснати
Вид збор: Придавка
исчезнат, мртов
Англиски: expired
Примери:
Угасната радост.

угасне повеќе

угаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Заглуши, задуши, направи да исчезне.
Англиски: efface Албански: zhduk
Примери:
Му ги угасна сите благородни чувства.
смири, успокои, задоволи
Англиски: quench Албански: qetësoj
Примери:
Лимонот ми ја угасна жедта.
(непреод.) исчезне, се сврши
Англиски: expire Албански: zhduk
Примери:
Љубовта во него угасна.

угаснува повеќе

Види и: угаси (св.)
угаснуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) гаси
Англиски: extinguish Албански: fik, shuaj

угаснување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
смирување, задоволување
Англиски: quench Албански: shuarje, qetësim
Примери:
Угаснување на жед.
исчезнување
Англиски: wiping out Албански: shuarje, mbarim
Примери:
Угаснување на живот.

угрева повеќе

угреваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Изгрева, се појавува (сонце, месечина, ѕвезди).
Англиски: shine Албански: ndriçoj, shndritë

угрее повеќе

угреат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Обично за сонцето и месечината - облее со светлина.
Англиски: shine Албански: ngroh
Примери:
Уште пред да се искачиме на врвот, сонцето нѐ угреа.
(непреод.) За небеските тела - изгрее, излезе.
Албански: ngroh
Примери:
Угреа летното сонце.

удар повеќе

мн. удари
Вид збор: Именка, машки род
Голема душевна болка.
Англиски: blow Албански: dhimbje
Примери:
Неговата смрт беше за неа тежок удар.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
погоди
Англиски: affected Албански: godas, qëlloj
Примери:
Фрли со камен по него, но не го удри.
сврти, тргне
Англиски: switch Албански: filloj, u dha
Примери:
Прво пиеја ракија, а потоа удрија на вино.
(за болест, болка, мака) погоди
Англиски: hit Албански: godas, bie
Примери:
Го удри дамла.

ужасен повеќе

ужасни
Вид збор: Придавка
многу лош, непријатен
Англиски: terrible Албански: i tmerrshëm
Примери:
ужасен човек

ужасно повеќе

Вид збор: Прилог
многу
Англиски: terribly, exceedingly
Примери:
ужасно скап

узда повеќе

мн. узди
Вид збор: Именка, женски род
контрола
Примери:
Го држи под узда.

узрее повеќе

узреат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - достигне физичка или духовна зрелост.
Англиски: mature Албански: pjekur
Примери:
Ти уште не си узреал за раководител.
(за друго) Достигне состојба за дејност.
Англиски: ready Албански: gati
Примери:
Работата узреа.
(за чир, мозол, струп) Достигне состојба да се отвори.
Албански: hapje
Примери:
Немој да го сечеш чирот, остави го нека узрее.

улица повеќе

мн. улици
Вид збор: Именка, женски род
Средината што е надвор од контролата на семејството, на училиштето или на која и да било општествена установа.
Англиски: street Албански: rruga
Примери:
Ние не треба да дозволиме нашите деца да ги воспитува улицата.

улиште повеќе

мн. улишта
Вид збор: Именка, среден род
За грд, неприбран човек - чудовиште, страшило.
Англиски: monster Албански: monstër
Примери:
Улиште едно!

улови повеќе

уловат
Вид збор: Глагол, свршен
узнае
Англиски: catch Албански: gjuaj, kap
Примери:
Улови некој збор.

уметник повеќе

мн. уметници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е добар во нешто, исклучително вешт.
Англиски: artist Албански: artist
Примери:
уметник во својот занает

уметност повеќе

мн. уметности
Вид збор: Именка, женски род
Врвно мајсторство во нешто.
Англиски: art
Примери:
уметноста на бизнисот

умира повеќе

Види и: умре (св.)
умираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исчезнува, престанува да постои.
Англиски: disappear Албански: vdes, zhduket
Примери:
Умираат старите обичаи.
(со предлогот „од“ и „за“) умре
Англиски: die Албански: vdes
Примери:
Умира од љубов за неа.
(преод.) намачи, убие
Англиски: kill Албански: vras, zhduk

умре повеќе

умрат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Престане да постои, исчезне.
Англиски: decease Албански: vdes
Примери:
Умре лихварството, нема веќе леб без мака.
(преод.) намачи, убие
Англиски: kill Албански: mbys
Примери:
Доста бре, човеку, ме умре веќе, не можам да живеам со тебе.

умрен повеќе

умрени
Вид збор: Придавка
(со предлогот за) Желен за нешто.
Англиски: dying
Примери:
Умрен за вода.

умртви повеќе

Види и: усмрти (св.)
умртват
Вид збор: Глагол, свршен
Направи неосетлив.
Англиски: desensitize Албански: pandjeshëm
Примери:
Го умртви нервот.
Направи нешто да да замре.
Англиски: calm Албански: qetësohet
Примери:
Ги умртви болките.

уништи повеќе

уништат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи неспособен за понатамошна работа.
Англиски: incapacitate Албански: paaftësoj, prish
Примери:
Критиката го уништи него.

унција повеќе

мн. унции
Вид збор: Именка, женски род
Трошка, трошичка, мало количество.
Англиски: ounce Албански: thërmi, trohë

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тотално уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatërrohet
Примери:
Бомбардерите го уриваа целиот град.
За влада, систем и слично: собори, сруши.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohet
Примери:
Парламентарното мнозинство ќе ја уривало владата.
За аргументи и слично: собори.
Англиски: refute Албански: përgënjeshtroj
Примери:
Ги уриваше нивните аргументи.
За чест, углед: руши, нарушува.
Англиски: damage Албански: rrëzon, dëmton
Примери:
Ми го урива авторитетот.
За цена, вредност: снижува, намалува, девалвира.
Англиски: fall Албански: ulë, rrëzon
Примери:
Ги уриваат цените.
(се урива) јури
Англиски: storm Албански: rrënohet
Примери:
Возот се уриваше во непознат правец.
(се урива) Нагло се симнува, спушта.
Англиски: fall Албански: lëshohet
Примери:
Гладните врапчиња се уриваа по храната.
(се урива) Морално уништи, се урне.
Англиски: destroy Албански: prish, shkatërroj
Примери:
Критиката од директорот го урна целосно.

уривање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
морално уништување
Англиски: destruction Албански: shkatërrim
Примери:
Решението не е во уривањето човечки морал.
(за влада, систем) соборување, срушување
Англиски: overthrow Албански: përmbys
Примери:
уривање царска власт
(за аргументи) соборување
Англиски: refutation Албански: mposhtje
Примери:
Дојде време за уривање на тврдењата на историчарите.
(за чест, углед) нарушување
Англиски: violation Албански: shkelje
Примери:
Уривање на правилата за работа.
(за цена, вредност) соборување, намалување, девалвација
Англиски: devaluation Албански: zhvlerësim
Примери:
Наскоро треба да има уривање на цените на лебот.

урне повеќе

урнат
Вид збор: Глагол, свршен
Морално уништи.
Англиски: destroy Албански: rrënoj
Примери:
Твојата критика сосем го урна.
собори, сруши
Англиски: down Албански: poshtë
Примери:
Ја урнаа владата.
собори
Англиски: refute Албански: përgënjeshtroj
Примери:
Ги урна сите негови аргументи.
(за чест, углед) наруши
Англиски: ruin Албански: prish
Примери:
Му ја урна честа.
(за цена, вредност) снижи, намали, девалвира
Англиски: reduce Албански: redukim
Примери:
Му ја урна цената.
(се урне) морално падне, се понижи
Англиски: degrade Албански: përul
Примери:
Сосем се урна.

усвитен повеќе

Вид збор: Придавка
(прен. распален) усвитена глава

усет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сетило, осет
Англиски: sense Албански: ndjenjë, sens
Примери:
Има добар усет.

усети повеќе

усетат
Вид збор: Глагол, свршен
надуши
Англиски: sniff Албански: gërhas
Примери:
Тој прв усети.

усетува повеќе

Види и: усети (св.)
усетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
надушува
Англиски: sniff Албански: gërhas

усојница повеќе

усојници
Вид збор: Именка, женски род
Лоша жена.
Албански: grua e keqe, gjarpër

успие повеќе

Види и: заспие (св.)
успијат
Вид збор: Глагол, свршен
усмрти, убие
Англиски: kill, put down
Примери:
Моравме да го успиеме нашето куче.

устат повеќе

устатливиот
Вид збор: Придавка
зборлив, дрдорлив
Англиски: chatty

устоличи повеќе

устоличат
Вид збор: Глагол, свршен
Длабоко навлезе, зацврсти.
Англиски: establish
Примери:
Тој метод се устоличи насекаде.

устрели повеќе

устрелат
Вид збор: Глагол, свршен
(болест) убие, уништи, собори
Англиски: destroy Албански: vras, shkatërroj
Примери:
(клетва) Устрелот да те устрели! - да цркнеш да даде Господ!

усуче повеќе

усучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се усуче) ослаби, се истанчи
Англиски: lose weight Албански: hollohem, dobësohem
Примери:
Одвај ја познав, многу се усучила.

усучува повеќе

Види и: усуче (св.)
усучуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се усучува) се врти
Англиски: roll Албански: kthej
Примери:
Се усучува на другата страна.
(се усучува) Се врти, немирно седи.
Англиски: wriggle Албански: dredh
Примери:
Само се усучува, не може да заспие.

ут повеќе

мн. утови
Вид збор: Именка, машки род
неспособен, несмасен човек

утка повеќе

мн. утки
Вид збор: Именка, женски род
За маж или жена: тапоглавец, слепец, глупак, будала.
Англиски: fool Албански: hut, budalla

уткае повеќе

уткајат
Вид збор: Глагол, свршен
вметне
Англиски: insert Албански: fut, shtie

утоне повеќе

утонат
Вид збор: Глагол, свршен
се задлабочил, замислил
Албански: thellohet
Примери:
утонал во грижи

утопист повеќе

мн. утописти
Вид збор: Именка, машки род
мечтател, фантазер, фантаст
Англиски: dreamer Албански: utopist, fantazues

утрешен повеќе

утрешни
Вид збор: Придавка
иден
Англиски: next Албански: i së nesërmes
Примери:
Тој е мојот утрешен наследник.

утроба повеќе

мн. утроби
Вид збор: Именка, женски род
Длабоката внатрешност на нешто.
Англиски: inside Албански: brendësi
Примери:
Во утробата на земјата.

уфрли повеќе

уфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се уфрли) Направи примедба.
Англиски: remark Албански: ndërhyj
Примери:
Нема да биде едноставно - се уфрли Трајче.

учество повеќе

учеството
Вид збор: Именка, среден род
соучество
Англиски: sympathy Албански: mirëkuptim
Примери:
Искрено учество во жалоста.

училиште повеќе

мн. училишта
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Извор на опит, на поуки и знаење.
Англиски: experience Албански: burim dijenie
Примери:
Изградбата на пругата за сите нас беше добро училиште.

учител повеќе

мн. учители
Вид збор: Именка, машки род
Оној што со своето учење им го покажува патот на другите.
Англиски: leader Албански: mësues, udhëheqës
Примери:
Гоце Делчев е нашиот водач и учител.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш